АХВ откри измамник: Сопственик на фирма препакувал и продавал јачменова трева во прав „без глутен“

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно Обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против З.Л.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измамување на купувачи“ по член 248 став 1 од Кривичниот законик и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Измамување на купувачи“ по член 248 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавениот З.Л., во својство на сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице од фирма од Р.Бугарија набавил повеќе суровини(меѓу кои и „Јачменова трева во прав“) во количина од 30 кг., иако знаел и бил свесен дека претходно нема извршена анализа на производот и дека не поседува документ како доказ дека производот не содржи глутен над дозволеното за да може да се декларира како производ кој што „не содржи глутен“. После тоа, производот „Јачменова трева во прав“ го препакувал во 240 пакувања од по 125 грама, кои ги декларирал со налепница на која внел невистинит податок дека производот не содржи глутен и го дистрибуирал и пуштил во продажба до повеќе правни лица за малопродажба на територијата на РСМ- информира МВР.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, по извршена анализа и суперанализа, било утврдено присуство на глутен над дозволеното 20мг/кг во готовиот производ и дека не може да се декларира како производ кој „не содржи глутен“, бидејќи ознаката „без глутен” може да биде присутна кај производи доколку содржината на глутен не надминува 20 mg/kg во готовиот производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот