Сопственичка во карантин пробала сама да го истриже кучето, резултатот е „болат очи“

Домашната изолација сите неспорно не ограничи и ни ги скрати некои од луксузите на кои сме навикнати. Фризерските салони и салоните за убавина, бројни продавници и бутици се затворени, па не сме во можност да се грижиме за изгледот како што сакаме. Но и покрај тоа, оние најхрабрите – или можеби најочајните – меѓу нас, ги преземаат работите во свои раце. Ако ништо, нивните подвизи знаат добро да не насмеат, потсететувајќи нè да ги почитуваме професионалците кои потрошиле време, пари и труд за научат како да се бават со својата работа.

Хермиона Оливија таа лекција на научила на потежок начин. За време на изолацијата, бидејќи не можела да го однесе својот пресладок померанец Меш кај фризерот за миленичиња, одлучила да го истриже сама. 

-Очигледно сме во карантин, па така на себе го презедов фризирањето на Меш…Не очекував ваков исход, – вели Хермиона за порталот „Борд Панда“. 

Колку тешко може да биде шишањето на куче? Е, па, очигледно потешко отколку што мислите. Ако не верувате, погледнете како кутриот Меш изгледа после „дотерувањето“!

Обидот на Хермиона е тотална утка. Таа нашишала на својот Инстаграм профил – Никогаш сами не сме го шишале. Купивме ножици и почнавме…Изгледа дека ножиците немаа вистинска големина, а веројатно не требаше ниту да почнеме од главата – опс!

Некои од коментарите го споредија кутриот Меш со велигденско зајче или кенгур.

Хермиона вели дека поради овој обид на почетокот се чувствувала „виновна и засрамена“. Но кога ги видела реакциите на луѓето кои налетале на фотографиите на истрижаното куче, малку попозитивно гледа на ситуацијата – Среќна сум што на луѓето им пружив малку хумор во овие чудни времиња.

Хермиона вели дека влакната на Меш полека но сигурно растат и крзното се враќа во нормална состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот