Сопружници од Ресен загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри

Фото: Julian Cartwright / Alamy / Alamy / Profimedia

Маж и жена од Ресен биле пронајдени починати вчера попландне во провалија покрај патот Охрид – Отешево.

Како што информираат од МВР, полицијата со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот