Сопружници од Гостивар ќе го искачат Килиманџаро, Таравари им го даде знамето на општината за да го развеат на врвот

Фото: Општина Гостивар

Брачната двојка Ајфер и Керамедин Зендели од Гостивар се подготвува за експедиција за освојување на највисокиот врв на африканскиот континент, Килиманџаро. По тој повод, членови на планинарското друштво „Шар“, кое изминативе години има соработка со локалната самоуправа, беа примени од градоначалникот Арбен Таравари.

– Ми беше особена чест да ги пречекам и Ајфер и Керамедин Зендели, планинари и членови на планинарското друштво „Шари“ од Гостивар. На брачниот пар им го предадов знамето на општина Гостивар, кое ќе биде истакнато на еден од највисоките врвови во светот. Овие планинари ќе бидат учесници на „Експедиција Килиманџаро 2022“ и за прв пат ќе се претставуваат нашиот град. Навистина сум горд што нашето знаме ќе се вее на еден од највисоките врвови, рече Таравари.

Сопружниците од првиот човек на општината на приемот добија знаме со грбот на општината, за кое ветија дека ќе го истакнат на врвот со што ќе ја одбележат и нивната годишнина, триесет години брак. Тие велат дека за оваа експедиција се подготвуваат неколку месеци.

– Чувствуваме задоволство од приемот и тоа е важно бидејќи ќе бидеме први од Гостивар што одиме на планината Килиманџаро. Со нетрпение очекуваме да започнеме со качување, секако дека ќе испратиме и фотографии од таму. Искачувањето трае седум дена, а нашето патување десет дена, вели Ќерамедин Зендели, планинар.

Ќерим Абази, претседател на планинарското друштво „Шари“ истакна дека двојката Зендели се решила на ваков чекор и да стане дел од оваа експедиција бидејќи досега ги има искачено сите највисоки врвови на Балканот.

– Мораме да им приредиме одличен прием кога ќе се вратат, бидејќи први се први гостиварци кои искачуваат на Килиминаџаро, а им посакувам потоа да се искачат на Хималаите, рече Абази.

Брачната двојка Зендели досега искачила над 400 планински врвови во Македонија и на Балканот. „Експедиција Килиманџаро“ важи за еден поголем потфат во планинарењето. Учесниците од цел свет се искачуваат на 5.895 метри високиот врв Ухуру.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот