Сопругот на докторката која и го издала боледувањето на Јанева бил вработен во СЈО

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Извори од СЈО за 24 вести, наводно потврдиле дека директорката на психијатриската болница Негорци, Љуба Цилкова, била таа која и го издала боледувањето, информираа оваа телевизија.

На ПР службата во обвинителството Јанева им рекла дека боледувањето и го издал матичен лекар.

Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен токму во обвинителството со кое раководи Јанева.

Оваа информација за вработувањето на Цилков ја потврдија и официјално од СЈО.

Според нашите информации тој работи како доставувач од први април 2016-та година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот