Сопругот на актерката Селма Хајек ќе донира за обнова на Нотр Дам – Од сумата ќе ви се заврти во глава

Францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

– Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам – напиша Пино во соопштението до медиумите.

Франсоа Анри Пино

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседател на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.

Неговата сопруга е познатата актерка Селма Хајек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот