Сопругот на актерката од „One Tree Hill“ починал откако го удрил гром

Вил Френд
Вил Френд и Бевин Принс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вил Френд, сопругот на актерката од „One Tree Hill“, Бевин Принс, почина на само 33 години откако го удрил гром, „NBC News“. Трагедијата се случила во неделата на брод во близина на островот Масонборо во Северна Каролина, САД.

Итната помош интервенирала веднаш, но тој починал во возилото на пат кон болница. Експертите предупредуваат колку е опасно да се биде во вода или на плажа за време на невреме и грмотевици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bevinaprince

Вил и шест години постарата Бевин се венчаа во 2016 година, таа а славата ја стекна со улогата во хит серијата во која ја глумеше Бевин Мирски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bevinaprince

По трагедијата, проговори нејзината најдобра пријателка Одета Енабл, која на Вил му посвети емотивна порака и последно збогување.

„Се случи незамисливо и мораме да се збогуваме со уште еден пријател“, напиша таа, откривајќи дека е „нереално“ што мора да напише таква објава. „Ти беше совршен за неа на секој можен начин. Ги поддржуваше нејзините соништа, направи да се чувствува важна, ја обожаваше со целата своја душа и засекогаш ќе бидам благодарна што бев сведок на таква љубов“, гласеше дел од објавата на Одета. Таа додаде дека нејзиното срце е скршено по разговорот со Бевин, која ја „изгубила љубовта на нејзиниот живот“. „Знам дека ќе продолжиш да бидеш со неа и со твоите прекрасни браќа и семејство, како и со семејството на Принс. И сите ќе почувствуваме како шириш светлина и љубов низ сите што имаа среќа да те запознаат доволно добро“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Odette Annable (@odetteannable)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот