Сопругата на Вил Смит сподели необјавена песна од Тупак по повод неговиот 50-ти роденден

instagram

Актерката Џејда Пинкет Смит со нејзините фанови сподели досега невидена поема напишана од покојниот Тупак Шакур во чест на денот на неговиот роденден. Актерот да беше жив, денес ќе го прославеше својот 50-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPEBEAST (@hypebeast)

Актерката објави видео на нејзиниот инстаграм – профил во пресрет на роденденот на починатиот рапер, во кое се прикажува поема испишана на рака со наслов „Lost Soulz“ која ѝ ја подарил Тупак. „Lost Soulz“ е песна на Тупак, но Смит вели дека поемата е првичниот концепт за истоимената песна која ја напишал додека бил во „Rikers Island“. Пинкет Смит во видеото вели дека се сеќавала на минатото и прегледувала „многу писма и многу песни“ што Шакур ѝ ги испратил во текот на неговиот живот.

instagram
Фото: Принтскрин/ Instagram

„Мислам дека оваа никогаш не е објавена“, вели таа во видеото. „Мислам дека не би ми замерил што ја споделив песната со вас“. Потоа таа гласно ја прочита песната во која Тупак пишува: „Let me live to see what was gold in me/ Before it is all too late – „Дозволете ми да живеам за да видам што е златно во мене/пред да биде предоцна“, истакнува во видеото Џејда.

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Видеото може да го погледнете тука:

„Како што се спремаме да го прославиме неговото наследство… да го запамтиме за тоа што го сакаше најмногу… неговата умешност со зборовите. Еве неколку што ги немате слушнато претходно. Среќен 50-ти роденден Пак!“, истакнува Џејда.

Раперот Тупак Шакур беше убиен во напад со огнено оружје во движење во 1997 година, кога имаше 25 години. Пинкет Смит и Шакур се запознале на првиот ден од средно училиште во Балтимор и цел живот биле блиски, сè додека таа не се оддалечила од нивното пријателство кога неговиот живот почнал да станува премногу опасен. Поранешните пријатели биле отуѓени за време на неговата смрт, откако расправија довела до нивно разделување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот