Сопругата на Вил Смит: Имав негов „благослов“ за да бидам со друг маж! (ФОТО)

Instagram
инстаграм

Сопругата на глумецот Вил Смит – Џејда Пинкет Смит одлучи јавно да ги оконча гласините за нејзиниот брак…

ТВ-водителката и поренешна глумица во интернет-емисијата „Црвена маса“, чијашто домаќинка е самата таа, призна дека била со друг маж.

Едно од најскандалозните интервјуа во Холивуд: Вил Смит и Џејда Пикет Смит јавно разговараа за неверството! (ВИДЕО)

Пејачот Август Алсина неодамна на интернет се пофали за неговата авантура со сопругата на Вил Смит, која инаку, е 21 година постара од него. Патем, Алсина му бил другар на нивниот син. Сѐ тоа изненади многумина од обожавателите на парот, бидејќи нивната врска долго време важеше за една од најстабилните и најомилените во Холивуд.

Уште повеќе, момчето тврди дека Вил знаел и „ѝ дал благослов“ за тоа на неговата сопруга.

Џејда како одговор на сѐ ова, јавно призна во етерот, дека навистина имала куса врска вон бракот пред четири години.

Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Се испостави дека во 2015 година, бракот на Смитови „висел во воздух“ и парот решил привремено да се раздели. Тогаш, односно дури по прекинот, Џејда почнала куса врска со младиот пејач. Сопругата на Смит признава дека тогаш барала среќа надвор од бракот, но на крајот сфатила дека сака да се врати кај нејзиниот сопруг.

Сопругата на Вил Смит: Во карантин сфатив дека воопшто не го познавам (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот