Сопругата на украинскиот претседател Зеленски е хоспитализирана поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/Toms Kalnins

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, е хоспитализирана со Ковид-19 и пневмонија, соопшти денеска претседателскиот Кабинет.

Состојбата на Зеленска (42) е стабилна, има билатерална пневмонија со „умерена сериозност” и може да дише без респиратор, се вели во соопштението.

Украинските медиуми пред четири дена јавија дека сопругата на украинскиот претседател е позитивна за коронавирусот, а кабинетот на претседателот подоцна соопшти дека се тестирани и Зеленски и нивните деца, и оти биле негативни.

Во првите денови Олена Зеленска немала никакви симптоми и се чувствувала добро.

Во Украина досега има повеќе од 30.000 заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 900 лица починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот