Сопругата на Том Хенкс открива детали од борбата со коронавирусот: Антималарискиот лек имаше ужасни несакани ефекти!

Profimedia
Profimedia

Познатата американска актерка Рита Вилсон откри дека за време на нејзиното лекување од Ковид-19, го примала антималарискиот лек хлорокин и имала сериозни несакани ефекти од него.

/ 7 март 2020 / Рита и Том Хенкс беа во Австралија кога и двајцата се заразија со коронавирусот. Таа имаше закажано настап во позната Оперска куќа во Сиднеј, а Хенкс на снимање на филм / Фото: Инстаграм / @ritawilson

Евтиниот лек и неговиот помалку токсичен дериват хидроксихлорокин ги пофали американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против коронавирусот, иако тие сè уште не се одобрени како лек за болеста Ковид-19.

Лекари во САД изјавија дека се изложени на притисок на пациентите да користат терапија со хидроксихлорин, а претседателот Трамп лично го промовираше во повеќе наврати.

– Јас би можел да го користам тој лек, бидејќи при собирање на нови информации слушаме позитивни работи за него, изјави Трамп минатата недела.

Можните контраиндикации во примената на овој лек се губење на видот и проблеми со срцето, но лекарите сметаат дека краткотрајната примена на лекот кај пациентите заболени од Ковид-19 содржи мали ризици. Сепак, експертите ставија точка на „лекот на Трамп“.

Том и Рита за време на карантинот споделуваа како се чувствуваат за време на заразата / Фото: Instagram

Рита Вилсон и нејзиниот сопруг, актерот Том Хенкс, беа хоспитализирани во Австралија на почетокот на март, откако беа тестирани позитивни на болеста. Според Рита, нејзиниот сопруг имал поблаги симптоми.

Во интервју за „Ова утро” на Си-Би-Ес, Вилсон откри дека имала симптоми на вирусот првите неколку дена, вклучително и замор, болка и температура со „треска што никогаш порано не ја почувствувала”.

Таа додаде дека почнала да го прима антималарискиот лек околу деветтиот ден.

– Познато ми е дека луѓето зборуваат за тој лек. Јас лично можам да кажам дека не знам дали лекот делуваше или едноставно дојде времето треската да ми помине.

И да, треската навистина помина, но хлорокинот имаше ужасни несакани ефекти. Постојано ми се гадеше, имав вртоглавици, не можев да одам, ги чувствував мускулите многу слаби. Мислам дека луѓето треба да бидат многу внимателни со тој лек. Всушност не знаеме дали делува во овој случај – рече Вилсон за време на првото интервју за медиумите по заразата.

Сопружниците даруваа крв за да помогнат за истражување на вирусот, а Хенкс имаше и свој монолог при онлајн изданието на СНЛ, кога рече дека поради информацијата во јавноста дека бил позитивен на коронавирусит, на луѓето им било „незгодно“ кога се во негова близина.

„Ова одело е првото што сум го облекол од 11 март, а да не е тренерка. Сопругата ми помогна да го облечам бидејќи забравив како функционираат копчињата“, се пошегува глумецот.

Том Хенкс искрено: На луѓето им е непријатно да бидат покрај мене (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот