Сопругата на познатиот неврохирург била елитна сексуална работничка: Тајниот живот на мисицата Реџина Тарнер

Хан Јо Ким, Реџина
Фото: Profimedia+Принтскрин/Twitter

Доктор Ким првпат станал свесен за двојниот живот на својата сопруга во декември 2020 година кога случајно открил експлицитни пораки, пишува „Њујорк дејлу њуз“.

Неврохирургот од Менхетен поднел барање за развод од поранешната американска мисица откако дознал, како што пишува во судските документи, дека се занимава со проституција.

Д-р Хан Јо Ким ја обвинил својата сопруга Реџина Тарнер дека работела како многу барана придружничка пред да се венчаат во 2015 година, но и по нивната венчавка.

Реџина Тарнер
Фото: Profimedia

Богата клиентела

Тарнер, занимавајќи се со овој бизнис, примила речиси 700.000 долари во готово од своите клиенти.
Богатството на хирургот се проценува на 3,2 милиони долари, а тој рекол дека првпат станал свесен за двојниот живот на неговата сопруга во декември 2020 година, кога случајно ги открил експлицитните пораки во кои се опишува сексуалната средба помеѓу неа и друг маж.

Документите откриваат дека Тарнер, која ја освоила титулата Мис Конектикат во 2011 година, имала богати клиенти, вклучувајќи агент за недвижнини во Њу Џерси, како и наградуван дизајнер за осветлување.

Д-р Ким никогаш не би се оженил со неа доколку знаел за нејзините лаги и измами – се истакнува во судските документи, во кои се приложени и финансиските трансакции помеѓу Тарнер и нејзините клиенти.

Со години го лажела сопругот

Неврохирургот рекол дека неговата сопруга го излажала и за други детали поврзани со нејзиното минато.
Реџина Тарнер тврдела дека студирала наука на Универзитетот во Конектикат цели три години, а потоа се откажала поради изборот на убавина. Но, се покажало дека Тарнер никогаш не ни матурирала.

Д-р Ким навел дека неговата сопруга се преправала дека излегува со пријателките, а за тоа време работела како придружничка на богати мажи. Како изговор, таа ги наведувала и честите неколкунеделни патувања во Кина поврзани со апликацијата за облека што ја развивала.

На нејзината банкарска сметка во периодот од 2015 до 2021 година се појавиле 675.000 долари. За една трансакција, таа добивала и по 2.000 долари на сметката од сопственикот на агенцијата за недвижности, кој не е именуван, а од него добила вкупно 185.000 долари.

Дизајнерот, пак, ѝ платил 116.000 долари во текот на шест години, вклучително и поединечни плаќања од дури 10.000 долари.

Тарнер, пак, тврдела дека нема никакви приходи и дека е финансиски целосно зависна од својот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот