Сопругата на Навални уапсена за време на протест во Москва

Фото: Слободен печат/Архива

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави дека е уапсена на антивладиниот протест во Москва, кој се одржа на повик од нејзиниот сопруг.

– Извинете за лошиот квалитет. Многу е слаба светлината во полициското комбе, напиша таа на Инстаграм покрај фотографија, откако илјадници приврзаници на Навални се приклучија на националните протести против Кремљ.

Неколку лица се повредени во судири за време на собирот на плошадот „Пушкин” во Москва, во кој учествуваат најмалку 4.000 приврзаници на Навални, објави РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот