Сопругата на наркобосот Ел Чапо се изјасни за виновна за трговија со дрога

Сопругата на озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Ел Чапо Гузман се изјасни за виновна по голем број обвиненија, вклучително и за трговија со дрога.

Триесет и едногодишната Ема Коронел Аиспуро пред судот во Вашингтон призна дека и помогнала на Гузман да го води нарко картелот Синалоа и да избега од затвор во 2015 година.

Може да добие доживотна казна затвор и парична казна до десет милиони долари.

Шеесет и тригодишниот Гузман во моментов издржува доживотна казна затвор во Колорадо за трговија со дрога и перење пари.

Властите велат дека картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.

Коронел Аиспуро се појави на суд во зелен комбинезон и со бела маска за лице, за да му даде изјава на американскиот окружен судија Рудолф Контрерас.

Таа се изјасни за виновна по три точки од обвинението – за поврзаност со цел продажба на наркотици, перење пари и учество во финансиски работи на наркокартелот Синалоа.

Таа склучи договор за признавање вина, а исто така призна дека била соучесник во бегството на Ел Чап од затвор во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот