Сопругата на Милошевиќ во критична состојба

Фото: Профимедиа

Сопругата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, е во тешка здравствена состојба и моментно се наоѓа во болница во Сочи.

-Мира Марковиќ имала четири операции, а по последната дошло до одредени компликации и пад на имунолошкиот систем. Лекарите поради тоа се загрижени и кога ќе се земат предвид нејзините години, не сакаат да даваат прогнози за нејзиното опоравување, вели неименуван извор за српските медиуми.

Неодамна на Марковиќ, Апелацискиот суд во Белград и ја укина пресудата со која беше осудена на една година затвор поради злоупотреба на службената положба при доделување станови и наложено е судењето да се повтори.

Србија во 2005 година распиша потерница за Марковиќ која сè уште е на сила, што значи штом стапне на територија на Србија ќе биде уапсена. Во меѓувреме, Мира Марковиќ во Русија ужива статус на политички бегалец и затоа не може да биде уапсена по потерницата на српскиот Интерпол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот