Сопругата на корона-идиотот Вокер: Го загубив детето, а тој по недела и направи дете на друга жена

EFE/KIERAN GALVIN

Ени Килнер (27) со фудбалерот беше заедно повеќе од 11 години и постојано му го простуваше неверствата за кои дознаваше преку социјалните мрежи, се додека не и н направи дете на нејзината пријателка Лорин Гудман.

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер во Англија е познат како скандал мајстор, последниот му беше за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот кога организираше оргии, а јавноста дозна дека неговата сопруга не е повеќе со него откако тој и направил дете на нејзината пријателка.

фото: Инстаграм

Ени Килнер открива дека постојано му ги простувала неверствата, се до неговиот „испад“ со Лорин Гудман.

– Тоа што ми го направи на мене и нашите деца, не можам да го опишам со зборови. Во март минатата година беше неверен и спише со некоја ѕвезда од реалити шоу, па потоа ме молеше да се врати назад но во јули повторно почна по старо. Не поминаа три месеци, а веќе некоја е бремена додека нашето најмало дете има само една година. Кој нормален човек прави такви работи – вели Ени за „Сан“.

Првото неверство по СП 2018 година, Ени го откри откако и се јави девојката со која бил Кајл Вокер. Таа и рекла дека со Кајл воделе љубов во неговиот Бентли и тоа неколку пати. Ени неколку месеци подоцна забременила, но потоа го загубила детето во јуни 2019 година, а веќе во јули Вокер и направил дете на Гудман. Таа повторно дознала преку социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

– Кајл ми призна за неверството. Ми се правдаше дека бил шокиран, но мислам дека ни ги сфаќа последиците. Му прогледував низ прсти долго време бидејќи нашите деца го обожуваат и поради нив сакав да му дадам последна шанса. Но, не знам како да живеам со него кога тој има дете со друга жена – вели Ени која е во врска со фудбалерот од нејзината 15 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот