Сопругата на Коби Брајант го тужи шерифот на полицијата во Лос Анџелес

Фото: твитер

Сопругата на славниот НБА кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант го тужеше шерифот на полицијата во Лос Анџелес и целата полициска станица затоа што ѝ предизвикале огромна емоционална болка и вознемиреност по смртта на нејзиниот сопруг и ќерка.

Коби Брајант со семејството

Имено, Ванеса тврди дека полицајците со своите мобилни телефони ги сликале мртвите тела на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиџи Брајант на местото на несреќата.

Коби Брајант и ќерката Џиџи / Instagram

Во тужбата се наведува дека 8 полицајци ги извадиле своите мобилни телефони на местото на падот на хеликоптерот и ги фотографирале мртвите деца, нивните родители и тренери без ничија дозвола!

Ванеса и Коби / Instagram

Фотографиите биле предмет на разговор во канцеларијата на шерифот, како и надвор од просториите на полицијата во Лос Анџелес, тие ги покажувале сликите, кои немале никаква улога  во истрагата.

Така, еден од полицајците бил во некој бар и ги покажувал контроверзните фотографии на жената што се обидувал да ја импресионира, а во тој момент ги видел шанкерот и веднаш пријавил во полиција.

Семејството Брајант / Instagram

Шерифот на полицијата се обидел да ја прикрие целата ситуација, но тоа било невозможно. Тој ги убедил своите колеги да ги избришат сликите, но во тужбата се наведува дека тој само се обидувал да ги уништи доказите.

„Госпоѓата Брајант се вознемирува од помислата на непознати како ги гледаат сликите од нејзиниот покоен сопруг и ќерка. Ванеса живее во страв дека еден ден таа или нејзините деца ќе се соочат со ужасните фотофрафии од нивните најблиски на социјалните мрежи, а токму тоа сака да го избегне“, изјави адвокатот на Ванеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот