ФОТО | Сопругата на Канје Вест како ужалена вдовица: Во бизарен аутфит се појави во црква

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Контроверзниот рапер Канје Вест заедно со неговата партенрка Бјанка Цензори, вчера, биле во црква во Лос Анџелес, а на паркингот тој си играл со неговиот четиригодишен син Псалм.

Добитникот на Греми придружуван од неговата партнерка, се појавиле во невообичаен моден избор. Канје носел црни хеланки и и црна маичка со кратки ракави.

Бјанка за оваа прилика одбрала бизарна модна комбинација. Таа била облечена во црн фустан со огромна јака и проѕирна мрежа над главата. Сето тоа го надополнила со црни чизми на висока потпетица.

Фото: @CelebCandidly / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

На почетокот на годината се појавија гласини дека Канје се оженил со Бјанка Цензори , два месеци по финализирањето на неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие се видени заедно во јавност со бурми на рацете, а како што тврдат извори, венчавката се одржала во тајност.

Сепак, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјави дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во луксузен стан со две спални соби во Западен Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот