Сопругата на Хју Џекмен одговори на гласините дека актерот е хомосексуалец: Оддамна го знам тоа за него!

инста

Хју Џекмен (51) е еден од најсексапилните мажи денес и има малку жени кои не паѓаат на неговиот шарм и изглед, а тој е во хармоничен брак со неговата сопруга Дебора Ли Фернс веќе 24 години.

Тој беше прогласен за најсекси маж во 2008 година, а гласините дека е хомосексуалец го следат со години.

Неговата сопруга, австралиска актерка и продуцент, се осврна на оваа тема во едно од нејзините последни интервјуа, изјавувајќи дека таа веќе е навикната на тие приказни, како и на коментарите дека тој е секс симбол, а таа е „просечна“.

профимедиа

 

„Хју е геј со години. Знаете, и јас бев геј. Кога глумев во филмот „Срамота“, бев хомосексуалец, а потоа луѓето беа шокирани кога се омажив“, рекла таа низ смеа, а потоа навистина открила што мисли.

„Само не е во ред. Тоа е исто како некој да му каже на Елтон Џон дека е хетеросексуалец. Сигурна сум дека тој би бил лут“, рекла таа.

„Луѓето едноставно не разбираат дека не е пристојно да се каже такво нешто и таквите луѓе ме иритираат. Тие мислат дека имам среќа што имам секс симбол покрај мене, бидејќи јас не сум. Но, сето тоа е Холивуд и шоу-бизнисот, и јас се помирив со тоа“, заклучила сопругата на Џекмен.

Хју и Дебора се во брак од 1996 година, а таа е 13 години постара од него. Тие се запознале во 1995 година на снимањето на ТВ серијата „Корели“ и тоа било „љубов на прв поглед“, а се венчале следната година.

Инстаграм

 

Тие велат дека се најдобри пријатели од првиот ден и дека едноставно се поврзале. Тие се запознале кога Џекмен сè уште не бил на врвот на својата слава, па многу проживеале заедно.

Хју и Дебора имаат две посвоени деца, синот Оскар и ќерката Ава, поради што го воведоа правилото дека никогаш не треба да поминуваат повеќе од две недели одвоени.

Џекмен неодамна призна дека му било тешко да се соочи со болното знаење дека не може да има свои биолошки деца: „Тоа беше многу болно искуство. Се обидувавме толку многу, се обидувавме толку многу време … и тогаш откривме дека проблемот е во мене”.

Денес тој за себе вели дека е најсреќниот татко на светот и дека не гледа на своите деца како посвоени, туку како да се негови уште од првиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот