Сопругата на Хју Џекмен беше исмејувана поради насловната страница на познатиот австралиски магазин! (ФОТО)

Инстаграм

Дебора Ли Фурнес е позната како сопругата на холивудскиот актер Хју Џекмен. Актерскиот пар се запознал на сетот на ABC драмата „Correlli“ уште во 1995 година. Иако серијата траела само една сезона, нивната љубов трае и до ден денес.

https://www.instagram.com/p/B4Vh9VaJN1y/

Парот се венчал наредната година, а заедно посвоиле 2 деца, синот Оскар и ќерката Ава. Иако на самиот пар никогаш не му сметала разликата во годините која е 13 години, дел од јавноста поради некоја непозната причина сепак го исмејува парот.

Всушност, често за Дебора може да се чуе дека повеќе изгледа како мајка во споредба со актерот, отколку како сопруга, но холивудскиот пар никогаш не го допреа тие коментари. Двајцата актери продолжија да уживаат во својата љубов. Овој пат, Дебора не е во центарот на вниманието поради својот сопруг, туку поради насловната страна на австралискиот магазин „Stellar“ кој го краси нејзина прилично фотошопирана фотографија.

 

https://www.instagram.com/p/B-pvkiPJB5C/?utm_source=ig_embed

Иако е познато дека фотографиите за насловните страни на магазините скоро секогаш прават фотошоп корекции, овој пат изгледа дека отидоа предалеку и ја направија актерката непрепознатлива. Сепак, имаше и многу што застанаа во одбрана на 64-годишната австралијанка и порачаа дека секогаш изгледа прекрасно. Дебора во интервјуто за магазинот проговорила за работите кои ја прават многу повеќе од само „сопруга на Хју Џекмен“, но сето остана во сенка на насловната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот