Сопругата на Харадинај со трогателна порака

Телеграфи

Анита Харадинај, сопруга на премиерот на Косово во оставка, Рамуш Харадинај, рече дека е третпат што ја држат на рамо тежината на горчливата судбина на Косово. Во објава на Фејсбук, таа му посвети зборови на својот сопруг, непосредно пред да замине за Хаг, објави Телеграфи.

– Конзистентноста и стабилноста, твојата одлучност и верувањето во принципите се оние кои најдобро те идентификуваат, затоа тие наспроти тебе се чуствуваат мали, затоа ти претставуваш ризик за нив, залудно не се вели дека најдобрата одбрана е нападот, те нападнаа за да се увеличуваат себе – напиша Анита Харадинај на Фејсбук.

Понатаму во текстот таа вели дека „доколку другите би оделе во некој судски процес, би се претвориле во честички и дека тука е катастрофата и дека нема ништо полошо од злонамерноста”.

– Ти секогаш имаш и имаше цел народ зад себе, те поддржаа вчера и денеска, ова е најголемата сила што може да ја има еден лидер! И денеска и секогаш ќе бидеш победник, бидејќи веруваше и веруваш во нешто поголемо, веруваш во чест и достоинство. Другите нека веруваат во власта – пишува таа.

На крајот, таа вели дека ќе го чекаат Харадинај заедно со нејзините деца и сите деца на Косово.

Инаку, најавено е дека денеска Харадинај треба да отпатува за Хаг. Неговото заминување беше планирано за на пладне, но како што информираа од неговиот кабинет летот бил одложен за неколку часа поради доцнење на авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот