Сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ слави роденден: Нивната љубов ги издржа сите предизвици

Instagram

Оливера Балашевиќ, сопругата на музичарот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, денеска го слави 61-от роденден.

Оливера неодамна отвори профили на социјалните мрежи за да ја промовира својата прва книга „Планетата двор“.

Оливера е веќе 40 години во брак со Ѓорѓе, кој многу од неговите песни и ги посветил токму на неа. Во бракот добиле три деца, а нивната љубов ги издржала сите предизвици.

Ја запросил преку телефон

Се запознале кон крајот на 70-те години во Нови Сад, додека Оливера уште била студентка.

Тогаш се занимавала со спорт – била југословенска репрезентативка во гимнастика и требала да оди на Олимписките игри 1980 година во Москва.

Едно лето Ѓорѓе сам отишол на летување во Умаг и тогаш сфатил колку Оливера му недостасува и решил да се ожени со неа. И се јавил на телефон и ја запросил.

Се венчале кога Ѓорѓе се вратил од војска, шест месеци откако се родила нивнота втора ќерка Јована.

Ги имаат уште ќерките Јелена и синот Алекс.

View this post on Instagram

Djole i Beba, hiljadu-osamsto-i-neke… ? #balasevic

A post shared by Balasevic Official (@djordje_balasevic_official) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот