Сопругата на Ердоган: 41 година во брак, четири деца, ЕКСЦЕНТРИЧЕН живот со ГОЛЕМИ ТРОШОЦИ (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Реџеп Тајип Ердоган вчера стигна на дводневна посета на Србија, а друштво му правеше неговата сопруга Емина, која инаку и често е со него на службените патувања.

Емина и Реџеп се во брак од 1978 година, а за време на 41 година брак, парот станал еден од најмоќните и најбогати во Турција. Имаат четири деца – два сина и две ќерки, а оваа 64 годишна дама била со својот сопруг како во добро, така и во лошо, за време на неговите денови во затвор.

Фото: Профимедиа

Емина е родена како најмладо дете и единствена ќерка во конзервативна фамилија со пет деца, а веќе во тинејџерските години почувствувала што значи да се живее со строг надзор на мажи.

Таа била принудена да ја напушти уметничката школа пред да матурира, а на 15 години, нејзиниот постар брат Хусеин и забранил да ја напушта куќата, бидејќи тоа „не е убаво за девојка на нејзина возраст“.

Години подоцна Емина во едно од ретките интервјуа кои ги направила, признала дека оваа одлука на нејзиниот брат толку тешко ја поднела што мислела и на самоубиство. Сепак, нејзината мајка се вмешала, па таа сепак можела слободно да се движи.

Подоцна го запознала Ердоган со кого разменила брачни завети, иако со голем отпор на неговата мајка. Мајката на Ердоган инсистирала тој да се ожени со целосно покриена девојка, што Емина го одбивала.

Фото: Профимедиа

 

Изборот на Ердоган бил добар, бидејќи во Емина добил се што некогаш го сакал од една жена, пред се посветена мајка и некој кој го прати неговото темпо, ставови и мислења.

Сепак, за разлика од тоа што претседателскиот пар го пропагира во претходните години, Емина некогаш отворено се борела за правата на жените. Таа во 2011 година ја добила наградата на форумот Кран Монтана за своите залагања за положбата на жената во исламскиот свет.

Но, по пет години таа почнала да дава изјави кои се спротивставувале со нејзината дотогашна работа. Во 2016 година, само ден откако нејзиниот сопруг ја разбесни јавноста со изјавата дека „жената е пред се мајка“, нејзините зборови неславно одекнале.

„Харемот е преубава школа на животот. Кога гледаме уметнички дела, во најголем број случаи среќаваме жени опседнати со желбата за власт и задоволство. Истовремено, харемите се школи за жените, дом во кои ти се подготвувале за животот, добивале образование и се занимавале со добротворна работа. Сите тие ги управувале мајките на султаните“, изјавила првата дама на Турција.

Фото: Профимедиа

Првата дама често е на удар на критичарите и заради расипничкиот стил на живот, иако турските медиуми блиски до власт пробуваат да го докажат спротивното, односно да ја прикажат како штедлива, едноставна и посветена на екологијата. Тие исто така пишувале дека таа управувала со кујната и во претседателската палата.

И покрај ваквите обиди, јавноста не можела да не примети дека Емина редовно се појавува во скапа гардероба, која често носела дизајнерски потписи, а наводно била видена и со Биркин ташна чија цена се крева и до неверојатни 50.000 долари.

Исто така, еднаш имало излезено информација дека целиот трговски центар во Брисел бил затворен за сите освен за неа, а пишувале и дека додека била со сопругот во официјална посета на Варшава потрошила повеќе од 44.000 евра на антиквитети.

Фото: Профимедиа

Сепак и покрај сите информации и шпекулации, вистинската вистина за верувањата и чувствата на оваа дама и како таа живее тешко дека некогаш ќе се дознаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот