Сопругата на Џон Леџенд ја загрижи јавноста: Криси Тајген заврши во болница поради компликации во бременоста

Instagram

Поранешниот модел Криси Тајген е во текот на својата трета бременост. Овој пат Криси нема најдобро искуство со блажената состојба. Откако неодамна сподели во јавноста за своето искуство со отстранување на ботокс, сопругата на Џон Леџенд заврши во болница поради компликации во бременоста.

Иако претходните две бремности поминале без проблеми, поранешната манекенка и страсна готвачка Криси Тајген воопшто не ужива во својата трета бременост.

Instagram

Во последните неколку месеци странала од главоболки и типични симптоми на бременост, но неодамна нејзината состојба драстично се влошила.

Тајген, која носи момче, ја загрижи целата јавност со објавата во која ги изветува своите пријатели, семејство и обожаватели дека завршила во болница поради компликации, а причина за тоа е постојаното крварење кое ги алармирало лекарите.

Instagram

Во серијата објави што ги споделуваше на својот Инстаграм профил, таа објасни дека треба да одмора до раѓањето и дека лекарите ќе ја следат нејзината здравствена состојба.

„Чудно е, бидејќи се чувствувам прилично добро“, изјави сопругата на пејачот Џон Леџенд, откривајќи им на своите обожаватели дека бебето во моментов е во добра состојба.

Џон и Криси имаат две деца, четиригодишната ќерка Луна и двегодишниот син Мајлс.

Instagram

Тие со нетрпение го очекуваат новиот член на нивното семејство. Но, колку и да било силно нејзиното бебенце, лекарите потенцирале дека опасноста ќе биде присутна до крајот на бременоста. Криси била свесна дека не постои друга опција освен да ги слуша упатствата на лекарите.

Instagram

„Бебето е силно, но од самиот почеток немаше добри „темели“. Тешко е затоа што не може да се направи ништо. Ако издржиме следните неколку недели, тогаш, знаете, можеме да продолжиме понатаму, знаејќи дека сме го избегнале најлошото. Но, ние мора да го истуркаме ова. Застрашувачки е што не можеме да направиме ништо во врска со тоа, немаме никакво влијание“, искрено рече Криси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот