Сопругата на „чешкиот Трамп“ троши многу на облека, сака да пие прошек и е ѕвезда на Инстаграм

Instagram

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш кој е во посета на Македонија, медиумите го нарекуваат „чешкиот Трамп“, првенствено поради тоа што е бизнисмен. Тој е на листата на „Форбс“ на најбогатите личности. Неговото богатство се проценува на 4.1 милијарди долари, а во негова сопственост се два весника, најголемото радио во Чешка и ресторан со „Мишелин“ ѕвезда.

Instagram

Освен по своето богатство, Андреј Бабиш вниманието го привлекува и поради 20-години помладата сопруга, Моника Бабишова. Тоа е уште една причина поради која Бабиш го споредуваат со Трамп.

https://www.instagram.com/p/Blcu10MnIi7/

Додека повеќето сопруги на европските политичари живеат дистанцирано од очите на јавноста, сопругата на чешкиот премиер со медиумите нема никакви проблеми. Токму напротив, таа е вистинска инстаграм-ѕвезда.

https://www.instagram.com/p/BpfyDK6FEmM/

Моника Бабишова има 44 години и повеќе од 20 години е во врска со Андреј Бабишов, но дури минатата година го кажале судбоносното да. Се запознале додека таа работела како секретарка во фирма во која Бабиш бил партнер, а тогаш и двајцата биле во брак.

https://www.instagram.com/p/Blrg07JHwuw/?utm_source=ig_embed

Моника првпат се омажила на 15 години со 19-годишно момче. Кога имала скоро 21 година, се развеле и оттогаш почнува нејзината љубов со Андреј Бабишов. Денес имаат две деца, Вивиен и Фредерик.

https://www.instagram.com/p/BqDKXYKH3LY/?utm_source=ig_embed

Со него е повеќе од две децении. Го следи на повеќето негови патувања и притоа не ја пропушта приликата да се слика со познатите политичари и политичарки. Фотографиите ги споделува на Инстаграм каде што ја следат повеќе од 24.000 луѓе.

Instagram

Како свои најголеми пороци ги наведува пушењето, од кое се откажала, прошекот и тоа што не оди во вежбалница. Рекла и дека обожава да оди во шопинг и ја следи модата.
Сепак, Моника не сака да живее во сенка на својот сопруг и започнала хуманитарно здружение, а истовремено работи на отворање бутик-хотел и ресторан, пишува Дива.

https://www.instagram.com/p/BlwGG3gn5z9/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот