Сопругата на Брус Спрингстин откри дека боледува од рак на крвта: „Новото нормално за мене…“
Сопругата на познатиот музичар Брус Спрингстин, Пети Сцијалфа, откри дека боледува до рак на крвта. Сцијалфа, која е членка на „Е стрит бенд“ кој што настапува со Брус, во документарниот филм „Патувачки дневник: Брус Спрингстин и ‘Е стрит бенд’“ (Road Diary: Bruce Springsteen and the E Street Band) изјави дека ѝ бил дијагностициран мултипен миелом во 2018 година, пренесува „Гардијан“.
Нејзината болест била откриена за време на концертите на Спрингстин на Бродвеј. Во документарецот таа зборува за својата болест и вели дека турнејата ѝ станала „предизвикувачка“ по дијагнозата.
„Се чувствував навистина добро што се вратив на сцената. Турнејата стана предизвик за мене. Болеста влијае на мојот имунолошки систем, па морам да внимавам што правам и каде одам. Одвреме-навреме доаѓам до еден-два настапи и можам да отпеам неколку песни на сцената, тоа е новото нормално за мене и добро ми е со тоа“, рекла таа.
И легендарниот музичар претходно имаше здравствени проблеми. Минатата година мораше да ја одложи турнејата поради лекување на пептичен улкус, а во мај годинава имаше проблеми со гласот.
Инаку, Пети се приклучи на бендот во 1984 година и стана придружен вокал на турнејата на Брус. Малку подоцна таа и музичарот започнаа романтична врска, се венчаа во 1991 година, а денес имаат три деца Еван, Џесика и Семјуел.
Брус Спрингстин официјално е милијардер: Музичарот се најде на листата на „Форбс“