Сопругата на Бора Чорба се прости од него: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“

Бора Ѓорѓевиќ / Фото: Фејсбук/„Рибља чорба“

Српскиот музичар Борисав Ѓоргевиќ, познат како Бора Чорба, почина на 72-годишна возраст во средата (4 септември), по петнаесетдневна борба за живот во болницата во  Љубљана, каде беше хоспитализиран поради проблеми со белите дробови.

Веста за неговата смрт ја шокираше јавноста, но најмногу неговото семејство кое објави некролог во денешните дневни весници во Србија и со емотивни зборови им се обрати на сите кои сакаат да присуствуваат на погребот на легендарниот музичар.

„Погребот ќе се изврши во сабота на 7.9.2024 година, во 14.30 часот на градските гробишта во Чачак. Опелото е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот.

Драг наш, твоето срце ќе чука со нас засекогаш. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас. Ни подари грст спомени, по кои ќе те паметиме.

Ожалостени: сопругата Дубравка, синот Борис, ќерката Тамара, внукот Петар, зетот Бојан, снаата Милица, свеската Даша и тештата Нада“, пишува во некрологот.

Погребот на Бора Чорба ќе се изврши во сабота: Петок е прогласен за ден на жалост во Чачак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот