Сопругата му се пожалила од својот шеф, тој отишол и го убил

Јозо Калапиш (29) од место покрај Зрењанин е уапсен поради сомнение дека го убил 86-годишниот Јанош Касаш. Наводно, до трагедијата дошло откако сопругата му кажала на Калапиш дека старецот ја допирал и ѝ досадувал, пренесува Курир.рс.

Несреќниот настан се случил на 15 јули, во семејната куќа на Касаш. Калапиш бил уапсен откако по жестока расправија земал маша и го удрил старецот по главата. Тој им подлегнал на повредите.

– Јанош беше домаќин, имаше имот и беше вреден. Беше и доста витален за своите години, добро се држеше. Иако можеше да ѝ биде дедо на сопругата на Јозо, тој кон неа подолго време беше безобразен. Таа работеше кај него и често му помагаше околу имотот, меѓутоа, тој тоа го злоупотребуваше. Ја штипкаше Ангелина, ја допираше по телото, ѝ зборуваше непригодни работи и константно ѝ нафрлуваше предлози да бидат интимни. Нејзе ѝ дојде преку глава, па му кажа на сопругот. Јозо и онака е малку незгоден, сака и да се напие, а тоа што му го кажа сопругата го зголеми неговиот бес. Долгата расправија се претворила во напад. Не е познато дали и Јанош се обидел да го нападне осомничениот – тврдел извор од истрагата за „Пинк“.

Мештаните кажале дека Јозо и неговата сопруга работеле сѐ и сешто по селото за да заработат за живот.

– Јозо, иако беше често агресивен и лесен на чашка, многу работеше и се бореше во животот. Јанош живееше сам бидејќи сопругата му почина неодамна, а ќерка му е во странство – рекол сосед на Јозо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот