Сопругата Корина со порака до фановите на Шумахер

фото: твитер

На неколку дена пред тажната годишнина од падот и тешката повреда на главата на Михаел Шумахер и непосредно пред неговиот 51 роденден, кој е на 3. јануари, бројни светски медиуми ја објавија изјавата на неговата сопруга Корина.

Таа се огласи со порака на социјалните мрежи, под слоганот „Продолжи да се бориш Михаел“.

– Големите работи започнуваат со мали чекори. Многу мали парчиња формираат голем мозаик. Заедно сме посилни. Ова, заедно со комбинираните сили на движењето KeepFighting, ги охрабрува сите – рече Корина Шумахер, обраќајќи им се на фановите на нејзиниот сопруг.

Името на слоганот е дел од семејната организација на Шумахер, која помага во медицинските истражувања, поврзани со мозокот и `рбетот.

Шумахер едвај го преживеа тешкиот пад на францускиот ски-центар пред скоро шест години, одреден период беше во кома, а последиците и натаму траат.

Но, конкретни информации за неговата здравствена состојба сè уште нема. Воглавно се шпекулации, или повремено некој од блиските членови на семејството истакнува какви било новости во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот