Сопругата и ќерката на Вил Смит, Џејд и Вилоу признале дека ги привлекуваат жени

Instagram
Instagram

Актерката Џејд и нејзината ќерка Вилоу Смит во шоуто „Red Table Talk“ открија дека ги привлекуваат жени.

49-годишната Џејд, која е во брак со актерот Вил Смит, во интервјуто откри дека ја привлекуваат жени, но романтичните односи со нив никогаш не биле за неа.

Обожавам да сум меѓу жени, но никогаш не можев да се поврзам со нив во романтична смисла. Сепак, никогаш не се знае“, вели таа.

Честопати ме фасцинирале жени. Многу пати сум размислувала: О Боже, колку е убава и талентирана. Никогаш не сум била вљубена во жена, но не ја исклучувам можноста дека ќе се случи во иднина, бидејќи во минатото сум имала силни чувства кон жени“, рече 20-годишната Вилоу.

Да потсетиме, Џејд и Вил Смит имаа бројни проблеми во бракот, а минатата година актерката му призна на сопругот во шоуто дека го изневерила со 28-годишниот пејач Аугуст Алсин пред нешто повеќе од 5 години.

Минатата година светските медиуми редовно пишуваа за непријатностите во кои се најде славната двојка, но се чини дека тие надминаа сè, затоа што сè уште се заедно. Џејд и Вил Смит се во брак од 1997 година и имаат две деца.

Видео на денот