Сопругата Ана е тајната на успехот на најдобриот напаѓач на светот, Роберт Левандовски

twitter.com/FCBayern

За многу фудбалски експерти токму Левандовски е најдобриот вистински центарфор на денешницата.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сезонава го игра најдобриот фудбал во својата кариера иако многумина му предвидуваа пад во формата поради годините. Лева во август ќе наполни 32. години, но по се изгледа оваа сезона ќе му боде најдобра во кариерата.

На Левандовски му недостасуваат уште два само два гола за го израмни рекордот во кариерата и да дојде до 43 погодоци во една сезона колку што даде во сезоната 2016/17.

Ова беше доволно добра причина за ЕСПН да ја открие тајната за успехот на полскиот репрезентативец. Според телевизијата, клубот за успехот лежи во неговата сопруга Ана која е поранешна светска шампионка во карате и нутриционистка.

инстаграм

– Лева е личност која постојано сака да напредува, а голема улога во неговиот успех има неговата сопруга Ана. Таа е нутриционистка и е многу позната во Полска. Ана најдобро ги знае телото и организмот на Роберт и му направи радикална диета со која тој е посилен од порано. Лева самиот признава дека промената во исхраната е најзаслужна за неговата физичка подготвеност и форма – вели Тиаго Чонек, натурализиран полски репрезентативец кој заедно со Левандовски играа на ЕП 2016 и СП 2018 година.

– Ана сакаше на сите во репрезентацијата да им помогне. Роберт предложи идентична диета за најмалку уште пет фудбалери. Но, резултатите не беа исто бидејќи клучот во начинот на подготовка на храната, тајмингот како и различните реакции на секој организам.

инстаграм

Сопругата му го креира и менито на Роберт Левандовски, кој на денот на натпревар внесува многу протеини. Туната е задолжителна за појадок со специфични додатоци. Исто така на денот на натпревар, Левандовски не јаде храна која содржи глутен и лактоза, а вечерта пред натпревар задолжително вечера еден тањир со ориз, додека по натпревар јаде овошје и авокадо.

– Таквата грижа за неговото тело му донесе неверојатни резултати. Сите тестови покажуваат дека Лева е најподготвен, дека се грижи за секој мускул и дел од телото – тврди Чонек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот