Сопрено истекувањето од гасоводот „Северен поток“

Притисокот во гасоводот „Северен поток 2“ е стабилизиран и во цевката нема остаток на гас, соопшти денеска данската агенција за енергетика, повикувајќи се на операторот на гасоводот „Северен поток 2 АГ“.

– Компанијата Северни поток АГ ја извести Агенцијата за енергетика дека притисокот врз гасоводот Северни Ток 2 е стабилизиран, што укажува на прекин на истекувањето – се наведува во соопштението.

На почетокот на неделата, неколку експлозии ги оштетија гасоводите „Северен поток 1 и 2“ кои транспортираат гас од Русија до Европа. Експлозиите одекнаа на делови од гасоводот во данските води недалеку од островот Борнхолм.

Шведските и данските власти објавија дека пронашле две места каде што истекува гасот и дека се согласиле дека се работи за саботажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот