Соопштение од играчите на ФК Вардар: Голема срамота, дозволија клубот да го допре дното!

фото: fkvardar.mk

Во текот на вчерашниот ден се објавија информации дека сите играчи на ФК Вардар се слободни агенти. Првите луѓе на клубот на последниот состанок само ги потврдија финансиските проблеми со кои се соочува Вардар.

Денеска се огласија и играчите кои се разочарани од раководството, сметајќи дека не заслужија ваков крај. Нивното соопштение е објавено на фејсбук профилот на голманот Филип Гачевски, во продолжение можете да го прочитате во целост:

Почитувана Македонска и спортска јавност, ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето спрема фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај.

фото: принтскрин/фејсбук

Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај нѐ разочара сите и нѐ остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното.

Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес, имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.

Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги неможеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина. Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај. Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ – се вели во соопштението на играчите на фудбалскиот клуб Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот