Соопштение на ТВ24 по веста дека Зекири има коронавирус

Фото: Фејсбук

Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик.

Соопштението од ТВ 24 ви го пренесуваме интегрално:

По денешната објава на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека Зекири во четвртокот беше гостин во Отвореното студио, на дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Дебатата ја водеше колешката Душица Мрѓа.

Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.

Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик.

Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите. На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување.

Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот