Соопштение на амбасадите на најмоќните светски држави во Сараево: Ентитетите без право на отцепување од БиХ

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Амбасадите на Франција, на Германија, на Италија, на Велика Британија и на САД, како и специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) во Сараево, издадоа заедничко соопштение по повод заклучоците на Народното Собрание на Република Српска.

– Повторно ги изразуваме нашите определби за територијалниот интегритет и фундаментална структура на БиХ како единствена и суверена држава со два ентитета кои немаат право на отцепување, се наведува во заедничкото соопштение, пренесува порталот кликс.ба.

Во време во кое земјата се соочува со бројни проблеми, вклучувајќи ја и пандемијата, се повикуваат сите институции на власта да се фокусираат на задоволување на потребите на граѓаните, вклучувајќи ги и реформите што се неопходни за економско опоравување и напредок на патот кон ЕУ.

– Патот напред за БиХ е јасно формулиран во Мислењето на ЕУ и во агендата „5+2“ на ОХР и тоа е она на што треба да се фокусираат институциитекои бараат крај на меѓународната супервизија. Во меѓувреме да продолжиме со поддршка за високиот претставнбик на ЕУФОР, стои во дописот, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Се истакнува дека високиот претставник продолжува со клучната улога во спроведување на цивилниот дел на Дејтонскиот мировен договор, во рамкји на својот мандат и овластувања што ги има од меѓународната заедница.

Народното Собрание на Република Српска на седницата во средата во Бањалука усвои заклучоци во врска со оценката за работата на високиот претставник, примената на Анексот 10 од Општиот рамковен договор за мир во БиХ, итн.

Собранието смета дека е време БиХ со двата свои ентитета и трите конститутивни народи да преземе одговорност за сопствениот развој во рамки на Дејтонскиот договор и меѓународното право и ако тоа не биде на дневен ред во скоро време, гтреба да се почнат преговори за мирно разидување, се наведува во заклучоците на собраниското мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот