Соопштени добитниците на државната награда „8 Септември“

facebook.com/AMSMacedonia

Државната наградата „8 Септември”, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот, беше најавена во Агенцијата за млади и спорт на прес конференција на која присуствуваше директорот на АМС Дарко Каевски и претседателот на одборот за награди Ленче Алексовска Величковска.

– Осми септември 1991 година е длабоко врежан во меморијата на нашиот народ. Симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист, а тоа е победата. Денешниот празник е прослава на победата, а токму таа е мотив на спортистите и спортските работници – изјави Каевски.

Тој додаде дека државната награда за спорт „8 септември” претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаа да ја промовираат Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле во име на државата. Сакам оваа можност да ја искористам и да упатам благодарност до претседателката и до членовите на одборот за доделување на државната награда и да ве поканам на свечената промоција на доделувањето, кое ќе се случи во собранието на Македонија во недела 8 септември со почеток во 11.00 часот – додаде директорот на Агенцијата за млади и спорт.

– Оваа година одборот за награди немаше воопшто лесна задача, во одлуката за доделување на петте награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план – се зборовите на претседателот на одборот за награди, Алексовска-Величковска.

Носители на престижната награда во 2019 година се:
– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори;
– Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда;
– Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот