Сообраќајот умерен, на Табановце се чека половина час
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, јавуваат од АМСМ.
ЈП Македонија пат извести дека почнувајќи од 23.07.2021 (петок), во наредните три дена, поради изведување градежни работи на пат, (гребење и асфалтирање на коловозот), патниот правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.