Сообраќајот на патот Делчево-Пехчево со наизменичен режим на движење поради асфалтирање

Во тек е асфалтирањето на патниот правец од Делчево до Пехчево во должина од 10 километри. Како што информираат од фирмата ГП „Гранит”, поради асфалтирањето сообраќајот се одвива со заддршки на возилата на одредени делници на патниот правец Делчево – Пехчево.

За пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, реализацијата на оваа активност е од огромно значење за жителите од целиот регион.
-За нас како мала општина е од огромно значење, бидејки наскоро очекуваме да добиеме подобрена патна инфраструктура со Делчево и околните места. Тоа ќе значи и поголем број туристи особено од соседна Бугарија, истакна Тренчовски.
Додава дека асфалтирањето на регионалниот пат се очекува да заврши најдоцна до крајот на овој месец.
Средствата во висина од 3,5 милиони евра за реконструкцијата на овој патен правец се обезбедени како дел од пакетот проекти на Министерството за транспорт и врски кои се реализираат со поддршка на Светска банка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот