Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Фото: Миа.мк

Сообраќајот на автопатот од Тетово кон Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути од страна на дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е” кои веќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.

Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино. Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.

Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август. Минатата недела јавни протести беа организирани и во неколку рурални средини.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на пет отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој што ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот