Сообраќајните несреќи не бираат време и место!

Повикот е да се вози одговорно и со намалена брзина, да не се управува моторно возило под дејство на алкохол, возачите да останат фокусирани и да не користат мобилен телефон додека возат, да користат сигурносен појас, и да одржуваат безбедно растојание од останатите возила.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита најголемиот државен празник 2 Август Илинден на сите граѓани со апел до сите учесници во сообраќајот совесно, одговорно и безбедно да учествуваат во него.
Повикот е да се вози одговорно и со намалена брзина, да не се управува моторно возило под дејство на алкохол, возачите да останат фокусирани и да не користат мобилен телефон додека возат, да користат сигурносен појас, и да одржуваат безбедно растојание од останатите возила.
,,Индикаторите за безбедноста на сообраќајот на патиштата укажуваат на фактот дека во летниот период за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува и ризикот за влошување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Конкретно, статистиките покажуваат дека во летниот период, доаѓа до двојно зголемување на бројот на загинати и повредени во сообраќајки, споредено со останатите месеци од годината”, велат оттаму.
Дополнително, ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот