Сообраќајни лудории: Фатени над 500 возачи за пребрзо возење

Полиција / Фото: МИА

Поради брзо возење на територија на цела држава се санкционирани 566 возачи од кои 279 за прекршок надвор од населено место, а 287 во населено место. Осумнаесет возачи се „фатени“ со брзина од 70 км./ч. над дозволената брзина, додека 65 возачи со брзина од 50 км./ч. над дозволената.

Како што информираат од МВР, брзото возење била најчестата причина за сообраќањите незгоди со тешки последици.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот