Сообраќајни контроли на МВР во Скопје: Казни за седум мотоциклисти, одземени два мотора

Фото: mvr.gov.mk

Седум мотоциклисти се казнети додека два мотора се одземени во акциска контрола што денеска ја спроведе полицијата на територија на Скопје.

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека казните се изречени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што стапи на сила на 26 декември во 2020 година.

Оттаму најавуваат дека засилените контроли продолжуваат со цел да се воспостави поголема безбедност на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот