Сообраќајни контроли на МВР: Казни за 224 возачи во Скопје, 12 лица под дејство на алкохол, десет на мобилен

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (5 јануари) на територијата на град Скопје изрече вкупно 224 казни.

Дваесет биле за управување со возила со брзина поголема од дозволената, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 за користење на мобилен телефон, шест за непрописно престигнување и обиколување и осум за минување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот