Сообраќајна несреќа на излез од Ресен: Две лица од Охрид смртно настрадаа во судир на „мерцедес“ и „волво“

Фото: mia.mk

Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста наречена Макази.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот на излезот од Ресен во правец кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес” со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво”.

Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот