Сообраќајна (не)култура: Возење без возачка, управување со неисправни возила, „пајакот“ дигна 72 автомобила

фото Архива

Вчера во главниот град биле фатени 21 лице без возачка дозвола, а 20 управувале со неисправни возила, пишува во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) во кој се наведува дека се санкционирани вкупно 384 возачи во едно деноноќие.

Како што соопштија од МВР, 138 од изречените прекршоци во текот на вчерашниот ден се однесуваат за пречекорување на дозволената брзина на движење, а санкционирани се и 20 мотоциклисти. За непрописно паркирани возила се изречени 88 казни, а 72 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот