Сообраќајна недисциплина по тетовските улици: Изречени 18 казни за брзо возење на „Индустриска”

Фото: mcall.com

Тетовската полиција попладнево со контролираше колку брзо се вози по булеварот „Видое Смилевски-Бато”, познат како „Индустриска” улица, при што изрече 18 казни.

– За само неколку часа се изречени вкупно 18 мерки за пречекорена брзина над 30 километри, а имало и такви кои возеле над 50 километри на час, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

И 
во средата тетовската полиција, при локална контрола во сообраќајот, откри и санкционираше вкупно осум возила кои ја пречекориле максимално дозволената брзина на оваа улица. И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот.

До засилените контроли доаѓа по барање на граѓаните, откако шест годишно девојче го загуби животот како пешак на 13 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот