Сообраќајка во Тетово, повредени шестгодишно дете и неговата мајка

Фото: Илустрација

Шестгодишно дете и неговата 26-годишна мајка се повредени откако во нив удрило возило управувано од 19-годишник, соопшти СВР Тетово. Незгодата се случила вчера околу 14.40 часот на кружниот тек од булевар „Видое Смилевски Бато” со улица „Браќа Миладинови” во Тетово.

„Патничко возило „опел Корса” со тетовски регистрски ознаки, управувано од Е.С.(19) од Тетово, удрил во пешаците И.Ш.(26) од Тетово и нејзиниот 6-годишен син. Во незгодата, двајцата пешаци се здобиле со повреди“, информира СВР Тетово.

Двајцата повредени биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот