Сообраќајка вечерва во Кисела Вода, две лица пренесени во болница

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопската населба Кисела Вода, пренесе Прес24.

Според фотографиите од местото на настанот, две возила се судриле во близина на Општината.

Во несреќата учествувале џип „БМВ Х6“ и „опел астра“.

Со возила на Итната медицинска помош две лица биле однесени во болница. Засега не е позната здравствената состојба на двајцата повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот