Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, две лица пренесени во болница

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза" - Скопја.

Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента.

Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша.

– Патничко моторно возило „фокус” со гостиварски таблици излетало од коловоз, удрило во заштитната ограда и се превртело. Во незгодата две лица, маж и жена се повредени и пренесени во тетовската клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Поради сообраќајката започнат е и увид на местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот