Сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

Фото: Илустрација

Во сообраќајката учествувале две возила, но заега нема информации за евентуално повредени.

Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши”.

– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајкат и рече дека не може да каже повеќе детали, оти во тек е увидот на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот